Просечната плата во февруари 20.910 денари

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика,просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава изнесува 20.910 денари.

Станува збор за зголемување од 1,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во Рударството и вадење камен за 15 проценти, Градежништвото  за 5 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,6 отсто.

Во февруари 2013 година, 2,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

најчитано сега