И Едмонд Темелко не може да влезе во Грција

Едмон Темелко се најде на листата на личности со забранет влез во Грција. Ниту работните задачи и проектите на ЕУ за меѓугранична соработка не му ги отворија рампите кон јужниот сосед. Градоначалникот на Пустец, наместо на средба со колегата од другата страна на границата од грчките цараиници доби известување дека не може да влезе од ниту еден премин.

Темелко веќе разговарал со неговиот колега од Грција, а за случајот вели ѓе реагира и кај сите меѓународни претставници во Албанија.

Но тој не е единствениот. Годинава покрај неколку новинари, од границта со Грција вратени беа и бизнисмени и членови на организациите на егејците во Македонија. За причините за враќањето ниту еден од нив не доби одговор. 

27.07.2013 - 00:32