Новиот кружен тек меѓу Автокоманда и Железара - погледнете какво било местот пред да биде направен новиот тек

Новиот кружен тек меѓу улиците „16. Македонска бригада“ и „Коце Металец“, ќе придонесе за поубав лик на оваа локација, но што е уште поважно, и за побрзо и побезбедно одвивање на сообраќајот.

Во самиот кружен тек се формирани две сообраќајни ленти со вкупна ширина од 9 метри, а како дел од овој проект се изврши и реконструкција на коловозот на улиците „16.Македонска бригада“ и „Коце Металец“ на потег со вкупна должина од 630 метри.

Поставена е и атмосферската канализација, завршено е поставувањето на уличното осветлување, а на тротоарите се наредени и бектон- плочките.

На изградбата на новиот кружен тек меѓу улиците „16.Македонска бригада“ и „Коце Металец“ работеа екипите на градежната компанија „Бауер БГ“. Градот Скопје за овој градежен зафат потроши околу 45 милиони денари.

 

 
 
12.07.2016 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега