Денеска е Петровден - верниците собрани во црквата „Св. Петар и Павле“

По повод христијанскиот празник Св. апостоли Петар и Павле градоначалникот Марјан Ристески ја посети најстарата населба Варош каде традиционално секоја година во црквата Св. Петар и Павле се слави овој празник.

Изразувајќи ги своите желби за добро здравје благосостојба и напредок градоначалникот Ристески посочи дека секој свет храм во населбата Варош има културно – историска димензија.

Инаку, денеска е Св. апостоли Петар и Павле. Во народот овој празник е познат и како Петровден, а него завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите.

_MG_5715

Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос.

Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.

_MG_5728

 
 
12.07.2016 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега