Волонтери на Црвен Крст делат води во Битола

Волонтери од општинската организација на Црвен Крст-Битола денеска и во наредните денови на повеќе пунктови во градот ќе делат вода и друга помош на граѓаните кои ќе почувствуваат изнемоштеност од високите дневни температури.

Од Битолскиот Црвен Крст информираат дека волонтерите ќе бидат на најфрекфентните места во градот, односно месноста „Ат-пазар“, „Јавор“, „Шехерезада“ и други одбрани локации.

- Секоја година во деновите кога дневните температури се многу високи, и посебно во т.н. пазарни денови, кои според традицијата во Битола за пазарни денови се избрани вторник и петок, нашите волонтери се рапоредуваат на најфрекфентите места и делат вода на лицата што ќе почувствуваат изнемоштеност. Најголем дел од волонтерите се средношколци и нивната основна задача е да делат вода, но ако затреба и ќе овозможат телефонски повик за дополнителна помош или совет на секој што ќе им се обрати, информираат од ОО на Црвен Крст-Битола.

Акциите на волонтерите на Битолскиот Црвен Крст се одвиваат во периодот од 11 до 17 часот. 

 
 
12.07.2016 - 11:21
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега