Ќе се пржиме на 40 степени а потоа нов температурен шок

 

Од петок попладне ќе настапи значителна промена на времето и на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. 

Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата во наредните денови.

Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено во северните денови. 

Ќе има и пад на температурите така што за разлика од четврток кога максималната температура ќе достигне до 40-тиот степен, веќе во петок дневните температури ќе бидат до 36 степени, а во сабота до 27 степени. 

Топлото време ќе се задржи до четврток со тоа што во попладневните часови ќе има услови за краткокрајна нестабилност.

 
 
12.07.2016 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега