Началникот на ГШ на АРМ во посета на Австрија

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија (АРМ), генерал потполковник Методија Величковски, на покана од началникот на Генералштабот на вооружените сили  на Република Австрија, генерал Отмар Коменда,  од денес се наоѓа во тридневна официјална посета на Република Австрија.

За време на посетата генерал Величковски, покрај средбата со неговиот домаќин, генерал Коменда, соопшти денеска ГШ на АРМ, ќе оствари посета на командата на единицата за специјални операции и австриската одбранбена Академија, а ќе оствари посета и на македонската амбасада во Виена.

Мигрантската  криза и безбедносните закани за земјите од југоисточна Европа, можностите за продлабочување на билатералната соработка преку изведување на заедничка обука и користење на капацитетите на АРМ, како и размена на искуства и евентуално заедничко учество во меѓународните мисии, се темите на кои ќе се разговара за време на официјалните средби.  

Средбите на највисоко воено ниво кои продолжуваат во континуитет и по самитот на НАТО во Варшава, стои во соопштението, се израз на поддршката на партнерските земји за стратегиската определба на Република Македонија и АРМ, како  и доследноста на АРМ во спроведување на одбрамбените реформи и реализација на партнерските цели за членство во евроатдоанските интеграции. 

 
 
12.07.2016 - 12:17
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега