ТВ Сител со најгледани вести минатата година

 

Вестите на ТВ Сител се најгледана информативна програма во Македонија. Според анализата на Советот за радиодифузија, најглеани се вестите на Сител во 16 часот. Нив минатата година г гледале во просек по 9,64% од гледачите. Во топ три се уште две информативни изданија на Сител, Дневникот во 19 часот и Бизнис Вестите во 19:30. 8,1% рејтинг имаат вестите на Канал 5 во 18:25, кои повеќе не се емитуваат во истиот термин. Единствена емисија во топ10 е Код, со просечна гледаност на 6,54%.
Очигледно најпопуларен настан од информативната содржина е обраќањето на Премиерот Груевски на 24 декември,по немирите во Собранието. Обраќањето на Сител го следеле 9,29% од гледачите и уште 8,1% на Канал 5. 

27.07.2013 - 00:57

најчитано сега