Кривичниот суд има 477 стари нерешени предмети

Во Основниот суд Скопје 1 има вкупно 477 стари нерешени предмети, кои се постари од 2 години и од кои најстариот датира од 1998 година. Судии од Апелацискиот суд при работна посета на Кривичниот суд констатирале дека судиите ангажирано и посветено работат на решавањето на старите предмети кои, како што се наведува во соопштението, најчесто се одолговлекуват поради објективни причини. 

Апелационите судии утврдиле дека поголем дел од предметите кои од претходно биле евидентирани како стари предмети, веќе се правосилно завршени, а некои од нив се во жалбена постапка. Во соопштението се наведува дека најчести причини поради кои доаѓа до одлагање на главните расправи по овие предмети се објективни, односно големиот број обвинети и нивни бранители и нивно наизменично неприсисуство на расправите, што може да се заклучи како нивно тактизирање. Како причина се наведува и неприсуството на Јавниот обвинител, иако е уредно викан, како и неприсуство на вешти лица и сведоци за кои судот оценил дека тие треба непосредно да се сослушаат на главна расправа.

Во дел од предметите констатирано е дека доаѓало до одолговлекување на постапката бидејќи до судот навреме не се доставуаат вештачења од институциите, а во дел, главните расправи се одлагале бидејќи од КПУ Идризово и КПУ Затвор - Скопје не се спроведуваат обвинетите по испратени наредби од страна на судот, како и непостапување на надлежните државни органи за спроведување на наредбите за приведување на обвинетите од пријавените адреси на кои живеат.

Според судиите од повисокиот суд, во предмети со повеќе обвинети лица кога се забележува наизменично неприсуство на обвинетите заради што доаѓа до одлагање на главната расправа, судот во согласност со законските одредби од чл. 316 ст.2 од стариот ЗКП, има можност да определи притвор за да ги обезбеди обвинетите кој избегнуваат да присуствуваат на главната расправа. Воедно за секое неоправдано неприсуство на овластениот тужител на главна расправа, судот согласно ЗКП за ваквото  однесување на обвинителите треба да го извести Основно јавно обвинителство.

При повторното постапување по предметите кои во жалбена постапка биле укинати, Апелациониот суд констатирал дека судиите од Кривичниот суд ги преземаат потребните дејствија согласно укажувањата на второстепениот суд.

Соопштуваат дека според последните анализи направени за месец јуни 2016 година во Основниот суд Скопје 1 – Скопје во одделите Кривично полнолетни, Кривично малолетни и Одделението за организиран криминал и корупција има вкупно 477 стари нерешени предмети, кои се постари од 2 години, од кои најстариот датира од 1998 година.

Сметаат дека со оглед на забрзаното темпо на работа и приоритетот што судиите го даваат на решавање на старите предмети, како не би дошло до нивно застарување, се очекува до крајот на оваа година или почетокот на наредната година сите стари предмети да бидат решени со првостепена пресуда.

 
 
12.07.2016 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега