Продолжува вработувањето дефектолози во училиштата

Од 131 обезбедена согласност за вработување дефектолози во училиштата, 72 се веќе реализирани, а останатите ќе бидат вработени во септември. Ова денеска го истакна заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на состанокот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и градоначалниците од осум општини.

На состанокот се разгледуваше прогресот на решавање на барањата на граѓаните од теренските посети на општините во Скопје и низ Македонија.

Ристовски додаде дека за Кичево е добиена согласност за сите четири основни училишта и две согласности за дефектолози во средните училишта.

- Во Кичево од шест дефектолози колку што се потребни, двајца се вработени, а останатите ќе се вработат во септември, рече Ристовски. 

Тој појасни дека според нивните анализи имало 104 или 106 невработени дефектолози, а вкупната бројка на побарувања во училиштата била 131. 

Груевски потсети дека одлуката е да се вработат сите невработени дефектолози бидејќи, како што рече, има голема потреба. 

 
 
12.07.2016 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега