Стајковци ќе добие пошта

Во Стајковци гравитираат голем број на луѓе, околу 15.000 жители со околните села. Пошта веќе донесе одлука за да отворат филијала, но локацијата им е проблем.

Ова го истакна градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски на денешниот состанок на кој се разгледуваше прогресот на решавање на барањата на граѓаните кои произлегоа од теренските посети кои се реализираат заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Во фаза сме на уредување на правниот статус на еден објект кој ни е доделен од страна на Владата со постара одлука, тој да го уредиме или тие да најдат објект, од Пошта се подготвени, само локацијата да се реши, истакна Трајковски.

Груевски рече општината да ја подготви локацијата која ја има, а доколку Македонски Пошти најдат друга, истата ќе се искористи за нешто друго.

-До крајот на годината ова ќе биде како можност од општината, директорот често пати испраќа на терен луѓе за да разговараат со приватниците кои имаат локали, посочи градоначалникот.

-Вие до крајот на годината направете го тој простор од 40 квадрати кој го имате. Ако не го употребите за ова, ако најдат тие друг простор, ќе дојде идеја да го употребите за нешто друго. Вие завршете го Вашиот дел, а во меѓувреме потсетувајте ги од Пошта за да си го завршат нивниот дел, потенцираше Груевски.

 
 
12.07.2016 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега