„Македонија вработува 2" веќе ги дава првите резултати

Минатата година, преку проектот „Македонија вработува“, во Штип дневно се вработувал по еден, а вкупно се вработиле 358 лица, додека со ослободување од придонеси за лица до 29 години се вработени 1500 лица. Во Штип, 446 компании ги искористиле активните мерки за вработување.

Ова го вели Лазар Димчов, директор на Агенција за вработување – Штип,според кој за 10 години, бројот на евидентирани невработени се намалил за половина, пишува Нова Македонија.

- На 31 декември 2006 година ние имавме 8750 невработени лица, а сега вкупната бројка на невработени е 4200, рече Димчов.

Пред се младите и оние до 35 години, кои три години се ослободени од придонеси и персонален данок, потоа лицата помеѓу 35 и 50 години кои што во последните 15 години имаат најмногу до пет години работен стаж или биле невработени околу 10 години, потоа лицата над 50 и над 58 години, изјави Владо Поповски, директор на Агенција за вработување на РМ.

Преку „Македонија вработува 2“, работа нашле 15 лица.

 
 
13.07.2016 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега