НБРМ: Политичката криза ја зголемува неизвесноста за економските остварувања

Народната банка на Република Македонија на последната седница оцени дека податоците за БДП за првиот квартал од годинава го потврдиле растот на економијата, којшто бил понизок од очекуваниот, додека според расположливите високофреквентни показатели за април и мај се очекува негово продолжување, но забавено во однос на првиот квартал.

- Домашните неекономски фактори поврзани со политичките случувања во земјата дополнително ја зголемуваат неизвесноста околу остварувањата и оцените за економската активност во следниот период, наведува НБРМ во денешното соопштение.

На седницата е одлучено на аукција да се понудат благајнички записи на ниво од 22.000 милиони денари, со непроменета каматна стапка од 4 проценти.

Во однос на инфлацијата, просечната годишна промена на домашните потрошувачки цени се задржала во негативната зона, а движењата на девизниот пазар во јуни значително се стабилизирале и постигнале нормална динамика.

Девизните резерви, заклучно со јуни, покажале квартално намалување, а главен фактор за намалувањето биле интервенциите на НБРМ како реакција на зголемената побарувачка за девизи во услови на нестабилен политички амбиент. - Од 19 април до 23 мај, НБРМ интервенира на девизниот пазар со продажба од 129 милиони евра, со што го затвори јазот помеѓу побарувачката и понудата на девизи и ја одржа стабилноста на девизниот курс. Во мај, мерките на Народната банка за справување со шпекулациите околу стабилноста на курсот на денарот придонесоа за постојан пад на побарувачката на девизи од физичките лица, којашто постепено се враќа кон вообичаеното преткризно ниво. Од последната недела на мај досега, девизниот пазар е стабилен, што упатува на значително стабилизирање на очекувањата и довербата на економските субјекти и намалување на склоностите за располагање со девизи, се вели во соопштението.

Неизвесниот домашен амбиент, како што посочува НБРМ, се одразил и врз депозитната база на банките, којашто во мај забележал пад од 0,5 проценти на месечна основа. - Намалувањето и натаму се поврзува со неизвесноста околу политичката состојба во земјата, при што падот во целост се должи на понатамошното намалување на депозитите на домаќинствата, при раст на депозитите на корпоративниот сектор. Првичните податоци за јуни покажуваат натамошен тренд на намалување на депозитите, но послаб во однос на мај, при што за првпат по случувањата во април се забележува месечен раст на депозитите на населението, што е сигнал за постепено стабилизирање на согледувањата на економските субјекти, појаснува НБРМ.

Во текот на април и мај, вкупните кредити на приватниот сектор се задржале на релативно стабилно ниво, а забележан е раст на кредитите кај населението. 

НБРМ посочува и дека резултатите од референдумот за членство на Обединетото Кралство во Европската Унија доведеле до одбивност кон преземање ризик и насоченост на инвеститорите кон безбедни инвестиции

 
 
13.07.2016 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега