Средба Димитриев-Грозданов: Ќе се градат 500 нови социјални станови

Премиерот Емил Димитриев денеска оствари работна средба со директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, каде беше разговарано на повеќе теми во однос на реализацијата на владините проекти во делот на градба на станови, катни гаражи и други објекти.

Димитриев истакна дека е задоволен од динамиката и степенот на реализација на проектите.

Во делот на градба на станови за социјално ранливи групи работите се одвиваат со предвиденото темпо а со истата динамика ќе се продолжи и во иднина.

-Во делот на градба на станови за социјално ранливи групи до сега се изградни околу 700 станови и во моментов се градат околу 123 станови во Кочани, Македонски Брод и Гостивар.  А во наредниот период многу сме блиску   до старт на градба на нови 500 станови за оваа категорија во Скопје, Виница, Свети Николе, Пехчево и во  Пробиштип, појасни Димитриев.

Становите наменети за млади брачни парови, исто така се градат со предвидената динамика. До сега такви станови се изградени во Скопје и Битола, а планирано е да започне со градба и во други градови.

-Предноста која што ја нудиме преку оваа програма е тоа што каматните стапки се релативно ниски и ги гарантираме за еден подолг период , односно за 15 години. Одлично напредува и динамиката на градење на комерцијални станови и во подготовка е граба на нови станови и оа   е можност претпријатието со приливте кои што ги добива од комерцијалните станови да помага и за финансирање на другите програми, рече Димитриев.

Владата донесе одлука за лицата кои што од 2006 до денеска не е уеспано да им се подобри социјалното живеење, па доколку паднале нешто пониско од она што значи да се лица со ниски примања, Владата се обврзува да им ја плаќа киријата.

-Сакам да упатам јавна благодарност до Владата за поддршката во однос на изградбата на социјалните станови кои со Владата и Централната европска банка ги  градиме и за тоа што Владата има слух за овие ранливи категории а тоа е дека од целокупната градба која што ја имаме во комерцијалната градба 10% одделуваме за децата без родители, што никогаш до сега не се случило, вели Грозданов.

До сега АДСДП има изградено две катни гаражи со кои се обезбедија над 700 паркинг места и околу 60% е готова изградбата на третата катна гаража со што ќе се обезбедат дополнителни 200 паркинг места, а се работи и на подготовка на четврта катна гаража кои ќе биде во Охрид.

 
 
14.07.2016 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега