Штип, Прилеп, Пробиштип и Кочани подготвени за проектот „Купи куќа за млади“

 

Интензивно се работи на обезбедување локации со парцели кои ќе бидат понудени со владиниот проект „Купи куќа за млади“. Резултатите од инвестиците во зоните се одлични и ќе придонесат за натамошно натамување на невработеноста, информираа градоначалниците на Штип, Прилеп, Пробиштип и Кочани на денешниот работен состанок за проектот „Купи куќа за млади“ на кој присуствуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Како што рече штипскиот градоначалник Илчо Захариев, во Штип се обезбедени  три локации за проектот.  Првата локација е  „Три чешми“ со 102 парцели готова документација, кои ќе се продаваат во септември. Фирмите „Актива“ и „Ван Хол“, посочи Захариев, веќе сакаат да ги купат за вработените и скоро се продадени.

- Втората локација е со 46 хектари со 160 парцели со цела инфраструктура, а третата локација е со 100 парцели, наведе Захариев.

Инвестиците во четирите индустриски зони во Штип, според Захариев, придонеле да се намали невработеноста. За разлика од 2006 кога имаше 12.000 сега има 2.000 невработени  од кои 1.000 активни баратели, наведе Захариев.

Во Прилеп, информира градоначалникот Марјан Ристовски, се на располагање 1.000 локации за  проектот „Купи куќа за млади“ кои ќе бидат готови до крајот на годинава. Досега, посочи, се готови 400.

Индустриската зона Прилеп 1, рече Ристески, е распродадена. - Капацитетот е 1.500 до 2.000 вработени. Имаме вложено над милион евра за зоната. Во зоната Прилеп 2, се продадени пет парцелиа, а капацитетот е 800 до 1.000 вработени. Во Прилеп 3 се градат 5 до 6 парцели. Имаме и две парцели до старата фабрика до Црн бор. Се изгради и комплетна инфраструктура до ТИРЗ Прилеп каде градат „Гентерм“ и „Акомпласт“, посочи Ристески.

Во Пробиштип, пак, со „Купи куќа за млади“ ќе се урбанизираат 350 до 400 парцели на површина од 20 хектари, изјави градоначалникот Тони Тоневски.

- Во делот на индустриските зони, резултатите во Пробиштип се одлични. Во едната зона во градот веќе работат дестина компании во кои се ангажирани околу 700 лица. Во втората зона две локации се веќе продадени, а паралелно сe работи на решавање на имотно-правните аспекти за уште една. Истовремено, покрај овие зони веќе се градат капацитетите на Леарницата, странска инвестиција од 22 милиони евра и вработување на 300 лица. Компанијата веќе почна постапки за вработување и се очекува до нова година да почне со пробно производство, рече Тоневски, нагласувајќи дека тоа е значајна инвестиција за Пробиштип со која се овозможува и дополнителен интерес од други странски компании.

Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани, соопшти дека општината има атрактивна локација во центарот со 140 парцели. Вчера се проддадени 10-ина парцели. 

- Во индустриските зони вчера последните две парцели ги продадовме, а имаме една зона за која е донесен ДУП со околу 32 хектара, со 20-тина парцели кај старата фабрика за хартија, но заглавени сме со корисничкото право и тоа треба да се реши до крајот на јули, за после да ги објавиме. Имаме и 130 хектари нова зона и бараме помош за урбанизација за да имаме потенцијални иинвеститори. Искуството покажува дека имаме голем број инвеститори кои доаѓаат секој ден. Сега има 5.000 невработени. Кочани има огромен потенцијал за намалување на невработеноста. „Амфенол“ и „Антура“ ги дуплираат погоните, рече Димитровски.

 
 
14.07.2016 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега