Дојран, Ново Село и Новаци обезбедија локации за „Купи куќа за млади“

Општините Дојран, Ново Село и Новаци активно работат на обезбедување парцели за куќи за проектот „Купи куќа за млади“, истакнаа денеска градоначалниците на работниот состанок за овој проект. 

Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов соопшти дека имаат 15 хектари земјиште меѓу Стар и Нов Дојран и оти ќе има околу 100-120 парцели.

- Разработуваме околу 50 хектари и ќе има интерес за живеење за Дојран. Ќе се градат и викенд куќи. Имаме и нов ДУП, рече Стамов.

За индустриските зони, како што рече, по долго време ќе се заврши правосилното раскинувањето договори за концесии кои ги има и ќе почнеме со продажба на земјиште во зоната Дојран, која е на влезот на општината. Се работи за 52 градежни парцели на поврпшина од 20 хектари.

Градоначалникот на Ново Село, Блажо Велков информира дека во Самуилово со проектот планираат 100 парцели. 

Тој информира дека за индустриската  зона „Кошутица“ имаат планска документација на локација од Струмица за Бугарија. Се работи за површина од 30 хектари. 

- Продадовме повеќе парцели по тој пат. Една на бугарска компанија со лесна индустрија, друга парцела е на наша фирма со кинеска компанија за фабрика од електронската индустрија. Кај Смолари има уште една парцела. Три парцели се за лесна индустрија и ќе ги пуштаме овој месец во зоната во Борисово, рече Велков.

Градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски информира дека планираат 100 парцели за проектот „Купи куќа за млади“ и додаде оти имаат определено локација. Четири хектари земјиште е наменето за куќи за домување. Планирани се шест хектари за зона со 30 парцели .

 
 
14.07.2016 - 15:52
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега