Промената на времето опасна за здравјето: Невреме и температурен шок

Денеска е петок, 15 јули 2016 година, 197-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 169 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 11 минути, а ќе зајде во 20 часот и 7 минути.

Денов трае 14 часа и 56 минути.

Месечината ќе изгрее во 16 часот и 2 минути, а ќе зајде во 1 часот и 43 минути.

 Времето во Македонија претпладне сончево и топло. Попладне од влијание на влажна, нестабилна и посвежа воздушна маса ќе настапи значителна промена на времето. На повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Повеќе врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови кон сабота, особено во северните делови, каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м2.

Утринската температура од 14 до 22, а дневната од 30 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, претпладне сончево, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд ,грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 21, а дневната до 33 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, значително посвежо и ветровито време со локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за повеќе од 10 степени во однос на денешната и ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.

Од понеделник се очекува стабилизирање на времето со постепен пораст на температурата. До вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

 

 
 
15.07.2016 - 07:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега