Македонски уметници ќе го покажат раскошниот талент во Бугарија

Во Пловдив синоќа е отворена ликовна изложба на 13 македонски уметници, обединети во концепцијата „Конекција 2".
 
Домаќин на настанот што го организира Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија, беше Балабановата куќа, еден од најпознатите музејско-галериски простори во Стар Пловдив.
 
Пред голем број посетители, изложбата за отворена ја прогласија Валериј Ќорленски од Општинската фондација „Пловдив 2019" и Васко Шутаров, директор на македонскиот Центар во Софија. На изложбата беа присутни и Амбасадорот на Македонија во Бугарија Марјан Ѓорчев и конзулот Ненад Младеновиќ.
 
Ова е второ претставување на КИЦ на Македонија во Софија во Пловдив, град кој во 2019 година ќе биде Европска престолнина на културата.
 
Директорот на Општинскиот инситут „Стар Пловдив" Минко Кафтански и уредникот на програмата на „Балабановата куќа" Димитрина Петрова, по овој повод изразија задоволство од заемната соработка со нашиот културен Центар и подготвеноста за претставување на македонската култура  со други содржини во наредниот период.
 
„Конекција 2" беше отворена со одбележување на Денот на Франција, 14 јули, со дела во кои претежно доминира француска тематика.
 
Посетителитеќе можат да ја видат  изложбата до 15 август 2016 година. 
 
 
15.07.2016 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега