Новиот правилник за води ќе се применува од идната среда

Забраната за капење на четирите плажи во Дојран и понатаму е на сила. Изготвен е нов правилник за квалитетот и безбедноста на водата за капење кој ќе биде готов и ќе почне да се применува од 20 јули.

Како што јавува Утрински, новиот правилник за квалитет на површински води според кој водата во Дојранско Езеро е незагадена, ќе почне да се применува од идната среда. Дотогаш од Државниот здравствен санитарен инспекторатвелат дека забраната за капење ќе важи.

Директорот на инспекторатот за Утрински вели дека забраната за капење се уште важи до новите анализи на водата кои сеуште ги немаат добиено.

Според новиот правилник, повеќе ќе нема вода од прва или трета категорија, туку за квалитетот на водата ќе има четири состојби, одлична, добра, задоволителна и незадоволителна. Повеќе нема да се испитуваат сите бактерии од фекално потекло, туку само најпатогените, како ешерихија коли и енетерококус фекалис, а сменети се и граничните вредности за бактеријата ентерококи и ешерихија коли, според кои се одредува дали водата е за капење или не. 

 
 
15.07.2016 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега