Пуштен во употреба паркинг за велосипеди кај „Борис Трајковски“

Паркинг за велосипеди е пуштен во употреба денеска до службениот влез на Вип арената на спортскиот центар „Борис Трајковски“, донација од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Стојче Стаменковски, претседател на РСБСП, истакна дека поставувањето на велосипедскиот паркинг е дел од активностите на советот за промоција и популаризација на велосипедизмот во главниот град, но и за подобрување на безбедноста на велопедистите во сообраќајот.

Апелира сите учесници во сообраќајот да внимаваат и одговорно да се однесуваат кон велосипедистите како рамноправна и  ранлива категорија учесници во сообраќајот.  РСБСП, посочи Стаменковски, ќе ги поддржува и останува отворен за соработка и поддршка за сите институции кои вложуваат во велосипедската инфраструктура и се грижат за велосипедистите. 

 

Директорот на СЦ „Борис Трајковски” Златко Перински, информира дека со пуштањето на паркингот се означува и почетокот на нова услуга за изнајмување велосипеди која наскоро ќе започне да ја нуди спортскиот центар.

Активноста се реализира во рамки на меморандумот за соработка кој што неодамна беше потпишан помеѓу РСБСП и СЦ „Борис Трајковски”, а кој меѓудругото предвидува заедничка реализација на активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот како висока општествена цел, соопшти РСБСП.

 
 
15.07.2016 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега