Ладно пиво, скара и добра музика: Четири дена луда забава на Пивофест

Во добро расположение, со музика, вкусна скара и со добра голтка пенлив пијалак синоќа во Прилеп почна 14. Фестивал на Пивото. Штандовите во центарот на Прилеп беа полни со посетители кои сакаа да ја почувствуваат атмосферата на оваа летна забава.

Меѓу посетителите, покрај домаќините имаше и гости од други градови во земјата, но и од дијаспората.

Програмата на главната сцена почна со настапот на џез групата „Крос роуд џез бенд“, а потоа, главно помладите гости ги забавуваа „Рафаел“, „Тропико бенд“ и групата танчари „Flay project“.

Градончалникот на Прилеп Марјан Ристески, како домаќин на Манифестацијата ги поздрави гостите синоќа и им посака добра забава.

- Нека е наздравје и да биде успешен и весел и овој 14 „Пивофест“. Да има забава и добро расположение сите четири фестивалски дена, рече Ристески.

Денеска продолжува фестивалската забава. Вечер, на вториот фестивалски ден ќе настапат Каролина Гочева, групата „Хари Мата Хари“ и бендовите „Самостални референти“ и „Банг ла дескс“. 

 
 
15.07.2016 - 10:39
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега