Четвртата Глобална конференција на ОМД: Странските инвестиции - двигател на македонската економија

Денеска во Скопје се одржа четвртата Глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора чија тема беше „Економскиот развој на Македонија -привлекување на инвестиции“.

-Првите четри месеци од годинава странските директни инвестиции изнесуваат 70 милиони евра. Нашите проекции се дека годинава странските директни инвестиции ќе достигнат од 200 до 300 милиони евра, но конечниот број ќе зависи и од одливите во станство. Годинава очекуваме да има помалку одливи од минатата година, изјави гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.

Вицепремиерот Владимир Пешевски рече дека vо Македонија бруто нивото на инвестиции во 2006 година за прв пат ја надмина бројката од една милијарда евра, а во 2011 исто така за прв пат ја надмина бројката од две милијарди евра. За зголемување на нивото на домашните и странските инвестиции во државата големо значење има подобрената инвестициска клима. Не постои држава во регионот која има направено повеќе за подобрување на бизнис климата.

-Македонија стана пример за тоа како се води бизнис и е подобра од две третини од државите членки на ЕУ и се наоѓа пред Австрија и едно место пред Германија, додаде Пешевски.

ФОТО: Евести