Светска банка и ги стави на располагање парите на Македонија

Светска банка на Македонија и ги стави на располагање средствата од Проектот за подобрување на општински услуги 2. Ова значи дека Македонија од денеска има пристап до овие средства од Светска банка во висина од 25 милиони евра, кои се наменети за поддршка на капитални проекти во општините во Македонија – информираат од Министерството за финансии.

Иако Бордот на Светска банка, користењето на овие средства првично ги услови со одржување на парламентарните избори, односно да ги стават на користење по завршување на изборите, сега ја сменија одлуката и средствата стануваат ефективни од денес, што е само уште еден доказ дека Македонија и актуелните економски политики имаат поддршка од меѓународните инстуции.

Од Министерството за финансии велат дека во најбрзо можно време ќе објави јавен повик до општините за аплицирање на овие средства.

 

„Преку првиот Проект за подобрување на општински услуги МСИП 1 беа успешно финансирани 70 проекти во 54 општина, односно беа изграденк училишта, градинки, локални улици, водоводи, канализации и други капитални проекти за подобрување на животот во македонските општини.“ – стои во соопштението на МФ

 
 
15.07.2016 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега