Натпревари на Денот на одгледувачите на овци
Натпревари во стрижење и молзење овци, избор на најдобар овен и најдобро традиционално бело овчо сирење, презентација на производи од волна, изложба на шарпланинци, ..., се само дел од предвидените активности на 11. Ден на одгледувачите на овци „Маврово - Ростуше 2016“ што ќе се одржи денеска во ски-центарот Маврово.
Организатор е Регионалното здружение на одгледувачи на овци од Западна Македонија, а покровител Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое за оваа намена обезбеди 300.000 денари.
На манифестацијата ќе има закуска за 200 лица. Покрај најразличните традиционални производи, ќе може да се проба и т.н. овчарски грав.
Овчарските денови неофицијално почнаа вчера попладне, со дегустација на бели овчи сирења.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа