Вековна традиција: Викендов Галичка свадба
Во Галичник викендов ќе се одржува 43-тата Галичка свадба, на која годинашни младенци се Сандра Станковиќ и Александар Ристески. Тие утре ќе се венчаат во црквата „Свети Петар и Павле“ откако ќе ги поминат сите обичаи на свадбата која во Галичник има вековна традиција.
И годинава се очекувает илјадници посетители од Македонија и од странство кои ќе имаат можност да видат 30-ина оригинални свадбени обичаи што почнуваат во сабота попладне и продолжуваат во недела, проследени со народни носии, песни и ора и со звуците на зурли и тапани.
Галичката свадба опстојува токму поради својата автентичност и неповторливост. Во минатото се правеле масовни свадби, секогаш околу Петровден (12 јули) кога печалбарите од ова мијачко село доаѓале во родниот крај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа