ОК на ВМРО - ДПМНЕ во Тетово бара да се реши прашањето со депонијата

Парадоксално е да се одвива културното лето во организација на општина Тетово во услови на мизерна инфраструктура и деградација на човековата околина и здравје во градот, истакнаа денеска на прес-конференција пред претоварната станица за отпад од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово.

Живана Стојковска од општинскиот комитет ВМРО-ДПМНЕ Тетово изјави дека депонијата е извор на разни заболувања, бактерии, вируси, паразити и од неа се шират непријатни мириси, а со палењето се зголемува аерозагадувањето.

- Загрозени се подземните води и индивидуални водо-објекти. Свое засолниште наоѓаат и кучиња, мачки, глувци, омарци, муви, кои можат да бидат преносители на многу болести. Со палењето на депонијата се загрозува здравото население,а особено оние со хронични респираторни и кардио-васкуларни заболувања, децата, трудниците и постарите лица, рече Стојковска.

Побараа објаснување од градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи, за тоа што работат вработените во ЈКП Тетово од службата за комунални дејности и зошто покрај зголемувањето на цените за вода и комунални дејности, градот тоне во нечистотија и ѓубре.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и советничката група во собранието на општина Тетово, ја повикаа градоначалничката Теута Арифи, покрај трошењето на граѓанските пари за Лето на Култура да се зафати со работење и решавање на вистинските проблеми на граѓаните.

 
 
16.07.2016 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега