Пишев: Заев молчи зошто е фатен на дело и нема аргументи

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ; Васил Пишев на денешната прес-конференција уште еднаш го прозва градоналчалникот на Струмица, Зоран Заев дека се „крие и молчи, зошто е фатен на дело и нема ниту еден аргумент“, за наводите за незаконска легализација на хотелскиот комплекс „Цареви кули“ и за општинските тендери што ги добивал сопственикот на фирмата „Чам чифлик“ ГОЛД ДООЕЛ, Струмица. Пишев вели дека поголем скандал се десетиците тендери кои ги добил Коце Ристовски.

- Зоран Заев незаконски легализирал објект на Цареви кули. Да биде скандалот поголем, овој објект, барем формално е сопствеост на неговиот долгогодишен пијател Коце Ристевски. Ај што Коце е почестен со незаконска легализација, туку за потврда на другарството, Заев го претворил Коце во верен тендер пајташ, рече Пишев.

 

Според него повеќе милиони денари од Општината, но и од општинските претпријатија легнале на сметките на Ристовски.

 

- Заев директно преку општината, но и преку општинските претприијатија му делел тендери за изградба на споменици, одржување цвеќарници, изведба на тротоари, поплочувања, чистење банкини, уредување раскрсници, користење вилушкари и што ли уште не. „Чам чифлик“ ГОЛД ДООЕЛ, Струмица очегледно не се занимава само со угостителска дејност на Цареви кули туку е фирма за се, а најмногу за испумпување на буџетски пари во приватни џебови, додаде Пишев.

Тој тврди дека фирмата на Ристовски добила над 840 илјади евра пари за добиените тендери. Праша дали Ристовски е само формален сопственик на фирмата, и дали парите се префрлале на други фирми. 

 
 
16.07.2016 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега