Температурните шокови го направија своето: Ѕвонат телефоните на Ало Докторе
На телефонскиот број за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела се регистрирани 1.229 повици, а од ставањето во функција на линијата во септември 2014 година вкупно 103.219 јавувања, соопшти денеска Здравствен дом Скопје.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во момент на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
За медицински совет се достапни 25 доктори, а повиците се од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптоми, главоболки поврзани со променливото време, алергиски реакции и симптомна болка.
Од Здравствен дом Скопје истакнуваат дека на сите лица кои побараа медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа