Милошоски: СДСМ нека каже дека се исполнети условите и веднаш одиме на избори

Потпретседателот на Собранието, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски не се изјасни конкретно дали денеска ќе продолжат преговорите на работните групи на политичките партии.
Тој изјави дека има можност за компромис доколку се покаже политичка војла. Според него, прашањата не се толку сериозни и дека не треба да има црвени линии, односно дека не треба да доминира егоизмот.
Треба да постои политичка волја за да се надминат спорните прашања и да се излезе од политичката криза.
Секој датум кој ќе го посочи СДСМ како датум кога се исполнети условите за спроведување на фер и кредибилни избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде прифатлив. Изабел Дингисан, заменик-спикер на Парламентот на Кралството Шведска (Риксдаг) Изабел Дингисиан, која е во посета на Република Македонија, изјави дека нема одреден став околу прашањето на надминувањето на политичката криза во Македонија, но дека како членка на Европската Унија ги охрабруваат политичарите да ја надминат што е можно побрзо политичката криза.

 
 
18.07.2016 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега