Преговорите се селат во американската резиденција

Преговорите меѓу претставниците на четирите политички партии продолжуваат денеска во 14 часот во американската резиденција. Преговарачките тимови од Пржино се селат на Водно бидејќи амбасадорот Аиво Орав замина на годишен одмор. Наместо него, преговорите ќе ги поддржи неговиот заменик.
Политичките партии заглавија на ингеренциите на Министерот за внатрешни работи како и неговиот мандат.
Позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е да се добијат гаранции дека нема да има брутална партизација на МВР и да се добијат гаранции дека мандатот за организација на избори завршува со организација на изборите.
Од СДСМ пак сакаат неограничени овластувања во МВР и можност да се партизира министерството. За потсетување,  само за 8 месеци Спасовски додели 450 решенија за вработување здомувајќи и унапредувајќи партиски кадри, меѓу кои и сопругот на Форсина Ременски кој го собори рекордот за најбрзо унапредување во МВР.

 
 
18.07.2016 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега