Фалц пари кружат во Македонија - бидете внимателни
Во Велес во 07 часот и 30 минути 31-годишниот С.С. од село Иванковци, пријавил дека околу 02 часот и 30 минути на улицата „Илинденска“ лицето А.К. му дал банкнота од 100 американски долари со цел да изврши размена на истата. Подоцна пријавителот во казино, сакајќи да ги размени, од вработените на казиното дознал дека банкнотата е фалсификувана.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
18.07.2016 - 13:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа