Полицијата на нозе: Пет дена нема трага од исчезнатите татко и син

 

Пет дена нема ни трага ни глас од таткото и синот кои исчезнаа на планината Бистра. 78-годишниот Љ.М. и неговиот 50-годишен син С.М. биле во Лазарополе во викендичка, а потоа им се случила драмата. Излегле да прошетаат и сфатиле дека се загубени, им се испразниле батеријата на телефоните и од тогаш им се губи секаква трага.

Според сознанијата на ТВ НОВА, таткото и синот на почетокот давале локации каде се движат, а потоа се загубиле. По 22 часот веќе им се изгубила секаква трага. Формирани се тимови кои трагаат со денови. Полицијата, спасувачките кучиња и спасувачките екипи се на терен, иако досегашната претрага не вродила со плод.

И соседите на загубените татко и син велат дека полицијата дава се од себе. 

 

 

 

 

 
 
18.07.2016 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега