Собранието расправа за Законот за информативно рекламирање на јавните институции

 

Јавна расправа за Предлог - законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции ќе се одржи денеска во Собранието на Република Македонија во организација на Комисијата за транспорт, врски и екологија. 

Со Предлог- законот за информативни и рекламни кампањи нја јавните институции се уредуваат начинот и условите за реализација на активностите на јавно информирање од страна на јавните институции во целосна или доминантна државна сопственост, постапката за реализација и начинот на распределбата на буџетот за кампањи за чија реализација се предвидени над 100.000 евра, како и начинот на известување на Агенцијата за медиуми за реализираните кампањи во претходната година. 

Министерството за информатичко општество и администрација претходно одржаа повеќе брифинзи и констултации во врска со текстот на законост со претставници на националните, локалните и регионалните ТВ и радија, на интернет порталите и со претставници на новинарските организации и здруженија во земјата.

 
 
19.07.2016 - 08:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега