Средба на бизнис секторот и локалните НВО од Кичево

 

Во рамки на проектот „Финансиска одржливост на НВО во соработка со бизнис секторот“, финансиран од Европската унија, во Кичево денеска ќе се одржи средба на претставници на бизнис секторот и локалните НВО од Кичево.

Главната цел на средбите е да посредува долгорочни ефективни партнерства меѓу локалните невладини организации и бизнис секторот, кои ќе резултираат со поголем капацитет на невладините организации да генерираат приходи од бизнис секторот, но исто така и од други фондови.

Проектот кој ќе се имплементира во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и Куманово, е во организација на Стопанска комора на Северо-Западна Македонија и Фондацијата Албиз.

 
 
19.07.2016 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега