Синоќа не беше постигнат договор: Преговорите продолжуваат денеска

Разговорите меѓу претставниците на четирите политички партии потписници на Договорот од Пржино, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ,  Радмила Шеќеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, за отворените прашања што го попречуваат решавањето на политичката криза, и вчера завршија без договор. 

Преговорите за спорното прашање се преселија во резиденцијата на американскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли, поради отсуството на амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав. Бејли по завршувањето на средбата изјави дека сеуште не е постигнат договор меѓу партиите, но изрази надеж дека тоа може да се случи наскоро. Најави дека разговорите ќе продолжат во текот на утрешниот ден.

- Не можам да потврдам дека имаме договор. Она што можам да го кажам е дека на маса има нова интересна идеја. Како што кажав и во петокот овој договор е многу важен за земјата, важен е за Европската унија и САД. Партиите ќе ја разгледаат можноста и ќе продолжиме утре, рече Бејли синоќа.

Преговорите за излез од кризата продолжуваат денеска со надеж дека ќе се изнајде решение на сите спорни прашања.

 

 
 
19.07.2016 - 08:17
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега