Преговорите продолжуваат со „Нова интересна идеја"

Разговорите меѓу претставниците на четирите политички партии потписници на Договорот од Пржино, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ,  Радмила Шеќеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, за отворените прашања што го попречуваат решавањето на политичката криза, и вчера завршија без договор, а за денеска се најавува нова средба со интересна идеја, како што најави американскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли

- Не можам да потврдам дека имаме договор. Она што можам да го кажам е дека на маса има нова интересна идеја. Како што кажав и во петокот овој договор е многу важен за земјата, важен е за Европската унија и САД. Партиите ќе ја разгледаат можноста и ќе продолжиме утре, рече Бејли синоќа.

 

 
 
19.07.2016 - 10:07
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа