Нов данок во Грција: Секој турист ќе и плаќа по 4 евра дневно на државата

Во Грција од 1. јануари 2018 година  на сила ќе стапи таканаречен „туристички данок“. Тоа значи дека сите туристи во Грција ќе мораат на државата да и плаќаат надомест за посета.

Надоместокот ќе изнесува 0,25 до 4 евра за ноќевање во зависност од рангот на сместувањето, а ќе се плаќа во текот на целата година, независно дали е сезона, или не.

„Туристичкиот данок“ е уште една од мерките за штедење на владата на Грција, договорена со меѓународните кредитори.

 
 
19.07.2016 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега