„Виз Ер" со нова линија - еве до која дестинација ќе може да летаме

Од 1 ноември, Wizz Air, најголемата ниско-буџетна компанија во Централна и Источна Европа, ќе ја воведе нова линија Скопје - Хановер, со два лета неделно, вторник и сабота.

Картите се веќе во продажба на wizzair.com, по цена од 1,199 денари.

Со ова, Wizz Air сега нуди вкупно 25 рути во 11 држави од двата македонски аеродрома: Скопје и Охрид. 

Хановер, главниот град на сојузната покраина Долна Саксонија, е важен трговски и центар за фестивали, познат по Октоберфест Хановер, втор по големина Октоберфест во светот, и по Хановер Schützenfest - најголемиот панаѓур на стрелци во светот. Со голем број музеи од светски рамки, галерии и театри, градот е познат и како важен културен центар и е одличен избор да се посети и од туристички и од бизнис аспект.

Со денешната објава, Хановер стана најновиот 124-ти аеродром во мрежата на Виз Аир. 

Првиот лет на Wizz Air Скопје беше во јуни 2011. Од тогаш постојано ја проширува мрежата во Македонија. Од првиот лет, преку 2,2 милиона патници избрале да летаат со Wizz во и од Македонија.

 
 
19.07.2016 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега