Македонија ја реиздаде Еврообврзницата

Македонија ја реиздаде Еврообврзницата со каматна стапка од 5 посто. Агенцијата Ројтерс пренесе дека Еврообврзницата од денеска е повторно на светските берзи, нагласувајќи дека е понудена седумгодишната обврзница со очекуван принос од пет проценти. Еврообврзницата ќе биде издадена во евра, а засега не е познато кои инвеститори се најзаинтересирани за неа.

Инаку, од опозициската СДСМ реагираа дека со издавањето на Еврообврзницата се крши Законот за Буџетот на Република Македонија, Законот за Влада, Законот за Договор од Пржино и Кривичниот Законик. СДСМ апелира дека задолжувањето е незаконско и дека ќе биде предмет на оспорување. 

Од друга страна, како што вчера објави Лидер, експертите се согласни дека со издавање на еврообврзницата ќе се внесат свежи средства во стопанството и ќе се намали повлекувањето средства од домашниот пазар на капитал, како што е и предвидено со ребалансот. Со ова ќе им се олесни на фирмите да доаѓаат до кредити, поради поголемата ликвидност на пазарот, што ќе влијае позитивно на економскиот раст. Со издавањето еврообврзница ќе се намали домашното задолжување, што значи дека помалку ќе се користат домашните извори на финансирање, а со тоа ќе се остават повеќе средства за кредитирање на приватниот сектор.

 

 
 
19.07.2016 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега