Нов футсал предизвик за Скендеровски: КМФ Велес ќе биде една убава приказна

Поранешниот селектор на македонската футсал репрезентација Васко Скендеровски ќе го преземе КМФ Велес, клуб за кој пред себе става цел да го претвори од просечен до клуб кој цели кон Европа, објавува ЕКИПА 

„Селекторската функција ја напуштив, но сè уште сум директор на репрезентацијата. Следна цел ми е да КМФ Велес стане еден евроски клуб. Приказната зошто го напуштив клубот е премногу долга. Настана едно ендоразбирање помеѓу нас како главни спонзори со клубот. Во меѓувреме се договоривме со клубот од Велес кој во изминатото време бележеше просечни резултати. Ние ќе имаме целосен надзор над сите одлуки. КМФ Велес ќе биде една убава приказна и амбициите нема да бидат само освојувањето на Купот или домашното првенство. Со малку среќа ќе биде во најмала рака, во рамнинште на најдобрите европски клубови“ – вели Скендеровски  кој не ја отфрли веројатноста некогаш повторно да се врати на селекторската функција

1-IMG_4792

„Сите играчи од КМФ Железарец ќе преминат во КМФ Велес, одржавме состанок со нив и сите се согласија. Ист е и случајот со стручниот штаб. Тренинзите ќе се одржуваат во Скопје. Велес е еден футсалски град и заслужува да има квалитетен клуб во футсал, тоа беше една од главните прични поради кои решивме да го преземеме клубот и заедно да вложуваме како тим. Предизвикот со репрезентацијата што нè очекува се квалификации за Европското првенство. Да ги имаме сите играчи во еден клуб ќе биде одлично за подготовките. Тие ќе имаат можност повторно да вежбаат заедно постојано. Велес има потенцијал како играчки ростер тоа ќе го земе предвид тренерот Иван Божовиќ, но тоа е нешто во кое јас нема да се мешам. Буџетот ни останува ист. Во план ни е да донесеме уште еден Бразилец како Даниел де Соуза кој ќе биде натурализиран со цел да игра и за репрезентацијата“ – истакна Скендеровски за најавениот ремонт на ростерот.

 

 
 
19.07.2016 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега