Дознајте дали утре вашата населба ќе остане без струја

Дел од корисниците од селата Елово, Црн Врв, Осинчани, Малчиште, Патишка Река и Држилово утре од 9 до 16 часот ќе бидат без струја.

Во временскиот период од 9 до 9:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од Нова Брезница, Јаболци, Сателитскиот Центар, Руд – Проект и ловиштето „Јасен“.

Од 9:30 до 13 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „101“ во село Волково, општина Ѓорче Петров, а од 6 до 7 часот корисниците од булеварот „Јане Сандански“ бр. 109 и околината во општина Аеродром. Од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „6“ со подулиците А, Б, Ц и Д, делови од улиците „4“, „10“, „12“ и „18“ во село Бардовци.

Корисниците од скопските села Јаболци, Нова Брезница, Патишка Река, Држилово, Елово, Црн Врв, Осинчани, Малчиште, Сателитскиот Центар и ловиштето „Јасен“ ќе бидат без струја од 15:30 до 16 часот.

Од 9 до 15:30 часот без снабдување со струја ќе бидат корисниците од улиците „1“, „5“, „10“, „11“, „15“, „17“ и „18“ во селото Јурумлери, општина Гази Баба. Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Корушка“ во населбата Влае во општина Карпош.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.

 
 
19.07.2016 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега