Јолевски: Конкурсите за пилоти постојано се отворени
Почнуваме со нов конкурс за 90 професионални војници и 25 лица со високо образование со специфична струка потребна на Армијата, како лекари, психолози и инженери, а денеска првата група од 125 професионални војници за оваа година стапи на должност, изјави за ТВ Нова министерот за одбрана, Зоран Јолевски.
-Добрите војници се услов за успех на секоја армија. Конкурсот заврши, а 48 од 125-те војници го завршија и 24-дневниот селективен курс и ќе бидат дел од специјалните единици, додека останатите ќе ги пополнат другите единици на Армијата, изјави Јолевски.
Во рамките на Министерството за одбрана, додава Јовевски, постои школа за пилоти, која е една од најквалитетните во Европа.
-Постојано се обучуваат пилоти за потребите како за армијата на Македонија, така и за другите државни институции, како МВР. Конкурсите се перманентно отворени, а обуките се спроведуваат два пати годишно. Обуките траат три семестара, 18 месеци, а право на пријавување имаат сите граѓани на Македонија, помлади од 27 години, кои имаат завршено факултет и познаваат англиски јазик, изјави Јолевски.
Тој додава дека пред два месеца донесена е одлука за зголемување на дневниците на специјалците за 30 проценти.
-Министерството има средства за дневниците, истите редовно се исплаќаат. Нормално можно е да има технички грешки па да не се исплатат навреме на некои лица, поради нецелосните или ненавремено пристигнување со списоците, а бидејќи средствата се исплаќаат на трансакциски сметки. Но, уверувам дека министерството располага со буџет доволен за да се покријат сите трошоци, вели министерот Јолевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа