Голема акција на МВР - полицијата тресе повеќе градови низ Македонија

 

Министерството за внатрешни работи спроведува голема полициска акција во повеќе градови, пишува Курир

Неофицијално, акцијата се спроведува во Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија, а осомничени се повеќе лица за сторени поголем дел кривични дела.

Дел од кривичните дела за кои се сомничат се злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување и криумчарење мигранти. Полицијата има уапсено повеќе лица.

Според неофицијалните информации до кои дојде Курир извршени се повеќе претреси, а меѓу осомничените се и полициски службеници од СВР Велес.

Детали за големата полициска акција од МВР најавија дека ќе соопштат во текот на денот.

 
 
20.07.2016 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега