СДСМ оспоруваше 500.000 фантоми - на крај призна, треба да се проверат 39.000

Според она за што денеска се договорија четирите политички партии во однос на избирачкиот список, дополнителна проверка ќе подлежат само 39.502 гласачи.

Ова во целост го обезличува тврдењето на СДСМ за спорни 500.000 гласачи, што беше и една од главните причини за одложување на закажаните предвремени избори.

Имено, во  договорот е наведено:

„Што се однесува до спорните 39 502 гласачи од вкрстените проверки, тие ќе имаат 25 дена  самите да се пријават за гласање. Оние кои нема да се пријават, нема да имаат ни право на глас.“

Партиите денеска по долги преговори ги усогласија сите точки каде имаше несогласувања, а со ова се потврди дека СДСМ манипулирала со бројката од наводни 500.000 фантомски гласачи и призна дека само 39.502 ќе подлежат на дополнителна проверка.

 
 
20.07.2016 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега