Ќе се смени цената на бензинот: Ќе поскапи ли во екот на летните одмори?
По сите немири и напади кои го потресоа светот, ситуацијата се одрази и на нафтата и нејзината цена. Аналитичарите истакнуваат дека ситуацијата е нестабилна, а според американската агенција за нафта, цената на нафтата пораснала за седум центи, на 46,02 долари по барел.
Нафтата последните месеци осцилираше помеѓу 44 и 52 долари по барел, откако во февруари годинава падна на најниско ниво.
Бензините поевтинија за 1,5 односно 2 денари по литар, додека дизелот е поевтин за половина денар. Ова е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика донесена минатиот вторник.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалија за 2,00 ден/лит, односно за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 27.06.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалија за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 27.06.2016 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит.
Наредната корекција на цените на бензините е закажана за 25 јули.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа