Договорот од Пржино завршува на два дена по изборите

По одржувањето на изборите, откако ДИК ќе ги соопшти официјалните резултати, се што е договорено со т.н. „пржински договор“ престанува да важи. Односно договорот од Пржино ќе важи се до два дена по изборите.

Ова е договорено од страна на четирите најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

Во договорот е наведено:

„Во однос на пржинската Влада, ако изборите се одржат во 2016 година, таа ќе добие мандат 100 дена пред денот на изборите.“

„Законот за Влада, ќе се дополни со мандатите на сите заемници и дополнителни заменици министри според договорот од Пржино, а нивниот мандат завршува на денот кога Државната изборна комисија ќе ги потврди изборните резултати.“

 
 
20.07.2016 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега