Техничкиот министер на СДСМ ќе има право само на 15 измени на раководни кадри

Наместо да се случи чистка каква што направи Оливер Спасовски во првиот мандат како технички министер, кога смени 450 кадри во МВР, тој што ќе биде на таа позиција, а треба да дојде од редовите на СДСМ, ќе има можност само на 15 кадровски измени на раководни позиции.

Министерството за внатрешни работи нема да биде оставено на милост и немилост на техничкиот министер, односно тој ќе нема право да прави кадровски чистки од прв до последен во рамките на тоа министерство.

Наместо да се случи чистка каква што направи Оливер Спасовски во првиот мандат како технички министер, кога смени 450 кадри во МВР, тој што ќе биде на таа позиција, а треба да дојде од редовите на СДСМ, ќе има можност само на 15 кадровски измени.

Според договореното, кадровските промени на министерот за внатрешни работи се лимитирани до 15 лица на раководни позиции.

За потсетување, кога СДСМ го назначи Спасовски за министер за внатрешни работи, истиот го наполни кабинетот со партиски кадри на СДСМ кои претходно немале никакво искуство во полицијата. Згрижувањето на партиската војска на товар на државата, односно министерството, граѓаните ја чинеа преку 10 000 евра месечно.

Тоа што конкретно е договорено за ингеренциите на министерот за внатрешни работи, но и за Министерството за труд и социјала е следново:

Доколку изборите се одржат во текот на 2016 година, нова влада ќе биде изгласана од страна на парламентот во рок од 100 дена пред датата на одржување на избори во согласност со Договорот од Пржино.

– Спроведувањето на Законот за Внатрешни Работи ќе биде одложено до 1 јануари 2017 со тоа што овој закон ќе го ограничи бројот на места во склоп на министерството за внатрешни работи на 15.

Сите именувања (поставувања) на иследнички функции на обвинителството на лица на менаџерски работни места во Министерството за внатрешни работи ќе бидат поништени и нови нема да им се именуваат до крајот на изборниот процес.

– Владата автоматски ќе ги одобри кабинетските поставувања на функции на Министерот за внатрешни работи и хоризонталите преместувања (трансфери) на вработените иницирани од Министерот за внатрешни работи до 10% од бројот на хоризонталните трансфери врз основа на просекот на вакви преместувања во 2013 и 2014 година.

– Законот за влада ќе биде изменет така што мандатот на сите министри и додатни заменици министри поставени во согласност со Договорот од Пржино ќе завршат на денот кога ДИК ќе ги потврди официјалните резултати од изборите.

– Замениците министри во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјални работи ќе ги преземе одговорностите на Министрите до формирањето на нова влада.

 
 
20.07.2016 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега