СДСМ плати висока цена за двојното одложување и бегање од избори

СДСМ наместо да се сконцентрира на конкретна програма и со неа да настапи на закажаните предвремени парламентарни избори, тие се одлучија за манипулација, лаги и создавање на криза. Цената за двојното одложување на изборите СДСМ скапо ја плати.

Четирите најголеми политички партии денеска постигнаа договор со кој треба да се стави крај на кризата која ја предизвика СДСМ.

Според договореното, Владата која ќе биде формирана со цел спроведување на предвремени избори ќе биде функционална само за спроведување и одржување на изборите и истата ќе престане да важи во оној момент кога ДИК ќе ги објави конечните резултати од изборите.

СДСМ се „ценкаше“ и манипулираше по неколку основи:

-За нив спорни беа 500.000, како што ги нарекуваа „фантомски гласачи“ , за денеска да признаат дека на дополнителна проверка ќе подлежат само 39 502 гласачи.

*Во делот на Избирачкиот список, СДСМ само уште еднаш ја потврди својата манипулативна природа, а не доби ништо, бидејќи бројката на т.н. спорни гласачи е далеку помала од онаа која во јавноста ја преставуваше опозицијата.

-Бараа високи казни за медиумите, санкционирање на „новинарското перо“, со што новинарите според нивните барања не смееја да искажуваат личен став, што е во спротивност со Член 16 од уставот на Македонија. Денеска ставија потпис на договор кој предвидува 50% помали казни и беше договоренa нова комисија.

*СДСМ сакаше да го санкционира медиумскиот простор, да воведе високи казни за медиумите и новинарите. Бараше и  нивниот Совет во Агенцијата за медиуми составен од членови на СОРОС да може да казнува и затвора телевизии според директивите кои ќе дојдат од Бихаќка. И повторно СДСМ изгуби, бидејќи со договореното, казните се помали за дури 50%, а ќе биде формирана и нова комисија.

– Со новиот договор, техничкиот министер во МВР ќе има право само на 15 смени во министерството.

Ако се направи анализа на она што СДСМ го имаше пред 24 април кога прв пат побегна од изборите, се гледа дека работите на одат во корист на Зоран Заев и СДСМ.

Најголемиот пораз во преговорите СДСМ го доживеа во барањето неговиот министер за внатрешни работи во преодната влада да има неограничени можности за кадровски смени. Наместо тоа, новиот технички министер за внатрешни работи ќе има право да направи само 15 наспроти близу 400 колку што направи поранешниот, а веројатно и идниот министер Оливер Спасовски.

Покрај тоа, Оливер Спасовски во владата што требаше да ги организира изборите влезе уште во октомври 2015 година, односно шест месеци пред тие да се одржат, додека сега министерот на СДСМ ќе седне во фотелја сто дена пред изборите.

Со своето деструктивно однесување, СДСМ покрај тоа што ѝ штети на државата и македонските граѓани, туку продолжува да си наштетува на самата себе и да плаќа високи цени за своето деструктивно однесување.

 
 
20.07.2016 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега