Бејли задоволен упати честитки: Договореното е шанса за демократија

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, кој беше дел од преговорите кои со денови траеја во Скопје за излез од политичката криза, се огласи на Твитер и изјави дека е задоволен од постигнатото, кое според него е шанса за демократија.

-Честитки за Македонија за Договорот од 20 јули – шанса за демократија, напиша Бејли на Твитер.

Инаку, партиите  по повеќедневни средби вчера се договорија техничката влада да биде формирана 100 дена пред одржувањето на изборите, а следната средба е закажана за 31 август.

Синоќа изјави дадоа и претставниците на четирите партии потписници на договорот од Пржино. Никола Тодоров, од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ,  по постигнувањето на договор за ставање на крај на кризата, изјави дека е задоволен од она што е договорено и дека конечно граѓаните ќе може преку избори да изберат Влада, да поддржат конкретни проекти наспроти деструкција, додека Радмила Шекеринска од СДСМ изјави дека Македонија ќе добие фер, демократски избори на кои што одлуката ќе ја носат граѓаните. 

И комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, вчера се огласи на Твитер и задоволно го поздрави договорот меѓу четирите главни политички партии во Република Македонија.

Целосниот договор погледнете го ТУКА.

 
 
21.07.2016 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега