Најмладиот милионер на државна видеолотарија е од Брвеница

Вил Хил од Брвеница е местото каде овојпат се слушна звучниот сигнал кој го прогласи добитникот на Милионер Џек Пот на Државна Видеолотарија на РМ.

Во присуство на претставници на медиумите, вработените на Државна Видеолотарија и Вил Хил, македонскиот автомобилски ас, Игор Стефановски Иџе, беше доделен Милионер Џек Пот чекот кој гласи на истиот износ како и добивката 1.244.228,00 денари.

Никола  М, 21 годишно момче, студент од Брвеница е најновиот среќен добитник. Скромен, но расположен ја сподели со нас својата среќна приказна. Редовно игра, па овојпат благодарение на среќната околност, ќе може да си го испланира својот одмор, а и посета на другарот во Италија.

Добивката Милионер Џек Пот ја смета како нов предизвик за тестирање на среќата. Сега посакува да добие 7ка на лото.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна видеолотарија на РМ  ги стартуваше на 01 јуни. Никола М е петтиот среќен добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.500.000,00 денари.

 
 
21.07.2016 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега